Top Sport

Марка: Погба е очаен да игра во Реал под Зидан

Реал Мадрид можеби не ја оствариле својата желба во 2016 година, кога не успеаја да го донесат Пол Погба и тој се врати во Манчестер јунајтед за 114 милиони евра, но сега самиот Французин е очаен за да направи трансфер во „кралскиот клуб“ откако во јануари одбил да го продолжи договорот, тврди шпанска „Марка“, честопати добро информирана околу Реал.

Ова доаѓа откако Зинедин Зидан на прес-конференцијата во саботата беше запрашан за Погба, и тој одговори дека секој тим би го посакал во својот состав, а „Марка“ вели дека самиот факт што Зидан воопшто зборува за Французинот значи дека се направени првите „тестови“ за голем трансфер ова лето.

Покрај ова, агентот и добриот пријател на Погба, Мино Рајола, наводно веќе го информирал Реал Мадрид дека сѐ е можно и дека не би било толку тешко да се донесе Погба, како на пример неговиот соиграч од репрезентацијата, Килијан Мбапе од ПСЖ, уште една голема желба на Зидан.

Во Реал Мадрид имало оптимизам дека трансферот е можен, но знаат дека нема да биде ниту лесно, ниту ефтино. Зидан смета дека Погба би донел „мускули“, директност и квалитет, нешто што недостасува на „Сантијаго Бернабеу“ оваа сезона.

Scroll to Top