Top Sport

ВРЦ: Нојвил со емотивна домашна победа во Белгија

Тјери Нојвил ја запечати својата 14. победа во Рели ВРЦ шампионатот, триумфирајќи на Ипр релито во неговата татковина Белгија, победувајќи го својот колега од Хјундаи, Ирецот Крег Брин.

Во интересен финиш на трката на славната Ф1 патека, Спа-Франкоршамп, Нојвил успеа да победи и да ја намали предноста на лидерот во генерален пласман, Французинот Себастиен Ожие, кој имаше лоша трка. Ожие сега има 162 поени, пред Нојвил и Велшанецот Елфин Еванс (двајцата од Тојота) на 124.

„Знаевме дека можеме да победиме тука, не само бидејќи ова е наша домашна трка, бидејќи ни беа потребно поени во генерален пласман. Се наоѓаме на само 15 километри од мојот роден град, и цело семејство беше тука“, вели Нојвил.

На тесните асфалтни патишта во Фландрија, Нојвил доминираше од почетокот, и ја запечати победата во саботните етапи, за на крајот да победи со 30.7 секунди пред Брин. Младиот Финец Кале Рованпера заврши трет во битката со уште двајца возачи на Тојота, Еванс и Ожие.

Scroll to Top