Top Sport

Германскиот вице-шампион Лајпциг падна во Мајнц

Стартот на сезоната за вице-шампионот од Бундеслигата, РБ Лајпциг не беше најдобар, откако „биковите“ загубија на гостувањето кај Мајнц, клуб кој лани едвај се спаси од испаѓање.

Под водство на новиот тренер, Американецот Џеси Марч, Лајпциг примија гол уште во 13. минута од мечот преку Французинот Муса Ниахате, по што иако ја имаа теренската иницијатива и над 60 отсто од поседот на топката, не ја „пробија“ одбраната на Мајнц.

Scroll to Top