Top Sport

ВРЦ: Танак победи во Германија и стана ривал за борбата за титулата

Естонецот От Танак првпат во кариерата стигна до две последователни победи во Рели ВРЦ шампионатот со триумф во Гермарнија за да влезе во директна борба за титулата со лидерот во генерален пласман Тјери Нојвил, кој беше втор по драматичниот последен ден во Германија.

Танак (Тојота) имаше речиси совршено рели, губејќи ја само пауер-еетапата од Себастиен Ожие за да се приближи на Нојвил и Ожие во борбата за титулата. Нојвил во Хјундаи продолжува да е лидер со 23 поени предност пред Ожие, додека Танак заостанува само уште 13 поенио на третото место.

Нојвил имаше малку среќа во Германија поради проблемите на Дани Сордо и Јари-Мати Латвала во неделата, дозволувајќи Есапека Лапи да го освои последното место на подиумот на асфалтното рели.

Ожие имаше кошмарен старт на релито, но се врати за четврто место пред колегата од М-Спорт Форд, Теум Сунинен, и Андреас Микелсен (Хјундаи) и Крег Брин (Ситроен).

Scroll to Top