От Танак стигна до релативно лесна домашна победа на Естонското рели за прв триумф со тимот на Хјундаи пред својот клупски колега Крег Брин во првата трка од Рели ВРЦ шампионатот по шест месеци поради пандемијата на корона вирусот.
Танак и Брин го минимизираа ризикот во последните шест етапи во неделата за да стигнат до првите две места, додека Себастиен Ожие со две етапни победи стигна до третото место, а Кале Рованпера ја освои последната Пауер-етапа.
Лидерот во генерален пласман пред трката, Белгиецот Тјери Нојвил во третото Хјундаи беше најголем „лузер“ на трката, откако во саботата излета и се надеваше дека ќе се врати на Пауер етапата, но на крајот едвај стигна до целта.
Сега, Ожие е лидер во генерален пласман со Тојота со 79 поени, девет повеќе од колегата Елфин Еванс, додека Танак е трет со 66 поени.