Top Sport

Кој ќе го наследи Модриќ, Меси или Ван Дајк?

Вечерва на свечена церемонија што ќе се одржи во Париз реномираниот „Франс Фудбал“ ќе му ја додели Златната топка на најдобриот фудбалер во светот во 2019 година.

Од претходно е познато дека престижната награда ќе ја добие еден од овие тројца фудбалери: Вирџил Ван Дајк (Ливерпул), Лионел Меси (Барселона) и Кристијано Роналдо (Јувентус).

Меси и Ван Дајк, претходно ги поделија наградите што ги доделија ФИФА односно УЕФА.

Изминатата недела започнаа шпекулациите дека добитникот е веќе познат. „Мундо Депортиво“ објави дека Меси шести пат во кариерата ќе ја добие Златната топка.

На „Твитер“ дури и се појави листа со гласовите на која се гледа дека Аргентинецот ќе победи со 64 гласа повеќе од Ван Дајк.

Она што е интересно е дека иако е најавуван како можен добитник Кристијано Роналдо нема да биде ниту меѓу првите тројца.

Во ова може да има вистина бидејќи Португалецот веќе најави дека нема да биде присутен на свечената церемонија.

Scroll to Top