Top Sport

Алиоски по заслуга на Пандев и Трајковски намалува на 1-2

Чурлинов и Трајковски почнуваат од 45 минута, излегоа од игра Спировски и Николов.

Аријан Адеми во 47 минута има голема шанса за погодок – бие ниско десно, Бушчан брани, асистент е капитенот Пандев.
Малиновски во 51 минута од слободен удар бие прецизно, но Столе Димитриевски одлично интервенира.

55 минута пенал за Македонија, претходно Трајковски биеше, Бушчан одбрани, а топката заврши во гредата. Токму Пандев натрча на топката и Караваев го фаулираше.

Алиоски во 57 минута намалува на 1-2. Најпрво украинскиот голман му го одбрани ударот, но топката заврши во неговите нозе за намалување на предноста.
Фото: ФФМ

Scroll to Top