Top Sport

Арнаутовиќ: Доста ми е од ВАР, човек не може да му се израдува на фудбалот

Австрискиот фудбалски репрезентативец, Марко Арнаутовиќ беше посебно разочаран по синоќешната елиминација на неговата селекција, по продолженија од Италија во осминафиналето на ЕУРО 2020.

Само неколку сантиметри во офсајд беше коленото на фудбалерот при постигнувањето на погодокот кој ги здрма „Азурите“, но кој подоцна, по ВАР асистенција беше оправдано поништен.

Останува непознаница како ќе се одвиваше дуелот доколку голот на Арнаутовиќ во 65 минута не беше поништен.
„Едноставно не сум доволно паметен во овие моменти, немам идеја што да кажам, кои се правилните зборови. Тешко е да се најдат зборови во ваква ситуација. Да имавме малку среќа, да беа неколку сантиметри на наша страна, ќе поминевме во четвртфиналето. Веќе многу имаме разговарано за ВАР, доста ми е од тоа. Човек веќе не може да му се израдува на фудбалот, не може да се израдувате на гол, ова нема никаква врска со фудбалот. Италија немаше да се врати ако на семафорот беше 1:0 за нас, бевме многу добри во вториот дел, но среќата ни го заврте грбот. Имавме шанси и имам само комплименти за тимот. Лудост е што бевме толку блиску до победа, но за жал мора да се помириме со елиминацијата“ – изјави Арнаутовиќ по мечот на „Вембли“.

Ова е поништениот гол:

Scroll to Top