Top Sport

„Билд“: Реал Мадрид го сака Каталонецот Дани Олмо!

Мадридски Реал на ЕУРО 2020 има испратено свои скаути, а угледниот германски „Билд“ пишува дека името на Каталонецот, Дани Олмо е прво во бележникот.

Шпанскиот репрезентативец во 2020-та дојде во Лајпциг од редовите на Динамо Загреб за 22 милиони евра и стана еден од главните играи во составот предводен од Јулијан Нагелсман.

Ја има и довербата на селекторот на „Фуријата“, Луис Енрике. Првите два меча на ЕП ги почна во стартниот состав, додека во победата против Шкотска влезе во игра од клупата за резерви.

Неговата цена сега се движи околу 45 милиони евра, но прашање е колку Олмо како роден Каталонец би сакал да заигра на „Бернабеу“.

Scroll to Top