Top Sport

Бонучи: Сакаме да уживаме во овие моменти!

Се е подготвено за утрешното финале на ЕУРО 2020 меѓу Италија и Англија. Пред последниот меч на континенталното натпреварување искусниот дефанзивец на „Азурите“ – Леонардо Бонучи порачува дека ја сака титулата која на Апенините последен пат беше пред 53 години.

„Да, со Англија ќе играме на нивниот терен, но тоа нас не не плаши. Размислуваме само за тој натпревар – за фудбал, сакаме да уживаме во овие моменти, не не интересираат медиумските претпоставки и оптужби. На теренот ќе го гледаме најдоброто што италијанскиот и англискиот фудбал можат да го понудат, но и судијата ќе мора да биде на ниво, што не се сомневам“ вели Бонучи.

Италија последен пат во финале на ЕП играше во 2012 година. Тогаш беа поразени од Шпанија.

„Победа во недела многу би значела за самодовербата и славје во цела Италија, а посебно за нашиот фудбал, како и за играчите. Не смееме да бараме алиби, ниту во 2012. не дојдовме во финалето заморени, па бевме декласирани“ додаде Бонучи.

Тој не се плаши што мнозинството навивачи на „Вембли“ ќе бидат Англичани.

„Не можам да го дочекам почетокот на утрешниот меч, иако мнозинството навивачи ќе бидат против нас. Сакаме историски успех, да пружиме одлична партија, па ќе видиме дали тоа ќе е доволно за титула“ смета дефанзивецот.

Scroll to Top