Top Sport

Кари: Не се каам за одлуката, на ОИ се може да ми се случи!

Ѕвездата на Голден стејт вориорс, Стеф Кари беше повикан во селекцијата на САД за настап на ОИ во Токио, но ја одби поканата. Својата одлука ја опиша како тешка, но вели дека не се кае поради тоа.

„Беше тешка одлука. Сезонава беше напорна, со згуснат распоред, со Ковид протоколи и со оглед на фазата во мојата кариера, повеќе ја ценам паузата меѓу сезоните и подготовките за враќање на теренот. Доколку отидам во Токио, се може да ми се случи. Го почитувам секој играч кој ќе оди да игра, и посакувам успех на селекцијата и златен медал“ изјави Кари за „ЕСПН“.

Двојниот МВП во НБА лигата моментно учествува на голф турнир откако Вориорси завршија со обврските на 22 мај, откако доживеаја елиминација од Мемфис Гризлис.

„Едноставно не беше во ред за мене и многу сум сигурен за одлуката. Воопшто не се каам. Очигледно овде ми е убаво да играм голф, да се забавувам со семејството. Се подготвувам за следната сезона, битно ми е брзото враќање“ јасен е Кари.

Scroll to Top