Top Sport

Далиќ: Тажен сум, ни пресуди промашувањето на 3:3

„Тажен сум затоа што испаднавме, тажен сум поради навивачите и поради играчите кои дадоа се од себе“. Вака селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ го прокоментира поразот од 5-3 од Шпанија во осминфиналето на ЕУРО2020.

Во „луд“ меч Шпанија до 85 минута имаше 3-1, па „коцкастите“ во 92 минута стигнаа до 3-3 и продолженија. Во двапати по 15-те минути Шпанија со два гола го реши патникот во четвртфинале.

„Игравме против голема екипа, направивме грешки при головите и не успеавме да зачуваме енергија на 3:3. Ни пресуди промашувањето при овој резултат. Оршиќ внесе живост во екипата, донесе многу добри работи, добро реагираше“ смета Далиќ.

По поразот, разочаран беше капитенот на Хрватска, Лука Модриќ.

„Поведовме од среќен гол, а потоа тие беа подобри, во првите 60 минути. Стоевме предлабоко во нашата половина и ги оставивме да играат. Кога почнавме да напаѓаме повеќе, заигравме и подобро, а со тоа правевме шанси и така дојдовме до израмнувањето. Покажавме зрелост, карактер и квалитет. На стартот од продолженијата ги држевме в рака, но не реализиравме две добри шанси. Тогаш натпреварот се сврте и немавме повеќе сили да се вратиме“ – рече Модриќ по мечот.

Scroll to Top