Top Sport

Данците со 2 гола во прво полувреме – по еден во двете мрежи

Интересен и израмнет меч играат Англија и Данска во првите 45 минути на „Вембли“. Полуфиналниот дуел донесе отворен фудбал, љубителите на најважната споредна работа на светот видоа 2 гола, но и двата беа во режија на Данците.

Дамсгард со првиот гол од слободен удар на ова ЕП во 30 минута од 26 метри го совлада Пикфорд за молк на илјадниците англиски навивачи на „Вембли“ и делируум за околу 8.000 дански фанови во Лондон.

Сепак, Англија до полувреме успеа да се врати резултатски во мечот.

По едно уфрлање од десна страна на младиот Сака, топката одеше кон осамениот Стерлинг, дефанзивецот на Данска, Кјаер се обиде да ја отстрани опасноста, но топката заврши во мрежата на одличниот Шмајхел.

Scroll to Top