Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Дани Олмо со „Фуријата“ место за во четвртфинале на ЕУРО 2020 ќе бара во дуелот против светскиот вицешампион, селекцијата на Хрватска.
Олмо блесокот во кариерата го имаше во дресот на загребски Динамо, па не е чудно што пред осминафиналниот дуел во кој ќе игра против екс-соиграчите Ливаковиќ, Иванушец, Оршиќ и Петковиќ му стигнуваат голем број пораки од хрватски фанови.
„Мислам дека добив повеќе од 100 пораки од Хрватска. Некои пишуваат `Дани, те сакаме, но во понеделник си одиш дома`, други пишуваат, `Не знаеме како да навиваме против тебе`. Мобилниот ми `гори` од пораки од Хрватска, навивачите на Динамо и понатаму мислат на мене. Шведска и Полска во судиското надополнување се уште имаа 2-2. Внимателно следевме. Мислевме дека ќе бидеме први во групата, но тогаш Швеѓаните во 4 минута од судиското надополнување погодија и на крајот останавме втори во групата, дознавме дека ќе играме против Хрватска.Ние сакавме да ја избегнеме Хрватска затоа што знаеме дека сте страшно јаки. Само јас се радував кога Шведска даде трет гол. За мене беше сон да играм против Хрватска“ вели Дани Олмо за хрватските медиуми.