Top Sport

Данска е во проблеми – Каспер Шмајхел му е „пациент“ на Кејн

Вечерашниот меч Данска – Англија ќе го даде вториот финалист на фудбалското ЕП откако синоќа Италија на пенали славеше против Шпанија.

Додека Данците се надеваат на продолжение на бајката, Англичаните се надеваат дека „трофејот конечно ќе дојде дома“. При тоа во прилог им оди ривалството на капитенот на „Гордиот Албион“, Хари Кејн и чуварот на мрежата на данската селекција, Каспер Шмајхел.

Голманот на Лестер Сити е чуварот на мрежата на кој голгетерот на Тотенхем му дал најмногу голови, играјќи за клубот, но и за репрезентацијата.

Вкупно 14 гола примил Шмајхел од Кејн. Втор на оваа листа е токму чуварот на мрежата на Англија, Џордан Пикфорд кој ги брани боите на Евертон. Тој десетпати бил совладан од Кејн. Трет на неславната листа е Бен Фостер кој седумпати бил совладан од еден од најголемите вечерашни адути на Британците.

Scroll to Top