Top Sport

Долберг и Данците ги декласираа Велшаните за четврт-финале

Данската фудбалска репрезентација е првата која се пласираше во четврт-финалето на ЕУРО 2020, откако во доминантен меч на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам со 3:0 го декласираа тимот на Велс, кој не успеа да го повтори успехот од минатото ЕП, кога играа во полуфиналето.

За Данска, ова е прво четврт-финале на ЕП од 2004 година и таму ќе се сретнат со подобрите од мечот Холандија-Чешка, и доаѓа по шокантните случки од првиот меч на шампионатот, кога нивниот најдобар играч Кристијан Ериксен колабираше на теренот со срцев напад. По ова, тие со една победа успеаја да се пласираат во осминафиналето, но покажаа многу повеќе од Велшаните и заслужено се меѓу осумте најдобри репрезентации во Европа.

Човек на одлука беше 23-годишниот напаѓач на Ница, Каспер Долберг, кој го отвори резултатот во 27. минута со фантастичен удар од далеку. Данците беа подобри во играта во текот на целото полувреме, за во 48. минута, Долберг да зголеми на 2:0. И покрај резултатската негатива, повеќе шанси правеа токму Данците, за  во 88. минута, Јоаким Меле да зголеми на 3:0, пред Мартин Брејтвајт во 94. минута да удри печат на победата.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top