Поранешниот германски репрезентативец, Штефан Ефенберг тврди дека Англија е најлесниот противник досега на Германија на ЕУРО 2020, откако утре ќе се судрат во осминафиналето на шампионатот.
Германија во групната фаза загуби со 0:1 од Франција, ја победи Португалија со 4:2, и одигра 2:2 со Унгарија, извлекувајќи реми во последните десетина минути од мечот, но Ефенберг смета дека овие репрезентации се посилни од Англичаните.
„Верувам дека Англија ќе биде нашиот најлесен противник досега. Во групата ги имавме светските шампиони Франција, европските шампиони Португалија и многу незгодните Унгарци, но преживеавме. Тие уште не оставија впечаток на турнирот и нападот кој е концентриран на Хери Кејн не донесе резултати. Сигурен сум дека ќе победиме, бидејќи притисокот е кај Англичаните, бидејќи играат дома и очекувањата се да ја освојат титулата“, вели Ефенберг.
Германија и Англија се судрија на големите натпреварувања 11 пати, и Германците седум пати беа подобри. Последен пат тоа беше на Светското првенство во 2010 година, кога во четврт-финалето Германија победи со 4:1.