Top Sport

Ериксен излезе од болница, ја посети репрезентацијата

Кристијан Ериксен е пуштен од болницата во Копенхаген откако имаше успешна операција за вградување на ИЦД уред (срцев дефибрилатор) откако во саботата колабираше во првото полувреме од мечот Данска-Финска. Тој веднаш ја посети данската репрезентација, пред да се врати дома со своето семејство.

„Благодарам за огромниот број на поздрави кои ги добив, тоа беше неверојатно да се види и да се почувствува. Операцијата помина добро и се чувствувам добро со оглед на околностите. Беше фантастично да се видат момците по одличниот меч против Белгија и ќе гледам и ќе навивам во понеделник против Русија“, вели Ериксен.

Scroll to Top