Англија и Италија имаат само уште еден меч до европската круна, но ривалитетот на двете селекции трае скоро 90 години.
Англија утре на „Вембли“ ќе игра за својата прва европска титула во историјата, а Италија сака по вторпат да се качи на „покривот на Европа“ откако тоа им успеа во далечната 1968 година.
Се издвојуваат неколку мечеви меѓу двете селекции кои остануваат запаметени.
1934 година:
„Тоа е првиот меч по кој Италија стана светски шампион со победата над Чехословачка во финалето, претходно се одигра дуелот меѓу овие две селекции на кој се „пролеа многу крв“
1977 година:
„Двата ривали се состанаа во квалификациите за СП. Иако Англија со 2-0 славеше во претпоследното коло, тоа не беше доволно за пласман на Мундијалот. Италија со подобра гол разлика замина на СП“.
1990 година:
„На Мундијалот во Италија во меч кој и Италија и за Англија беше утешна награда, играа за третото место, Азурите славеа со 2-1 (Баџо, Скилачи – Плат).
1997 година:
„Пред 24 години Италија и Англија беа ривали во квалификациите за СП во Франција, на првиот меч Азурите славеа нагости, а во последното коло во Рим бркаа победа за пласман. Составот на Глен Ходл издржа (0-0), изборија виза за Франција, а Италијанците мораа да одат таму преку баражот“.
2012 година:
„ЕУРО 2012 и пенали во четвртфинале – среќата овојпат беше на страната на Азурите. Останува запаметена „паненката“ на Пирло. Италија стигна до финале, загуби од забревтаната Шпанија.
2014 година:
„На СП во 2014 година во Бразил ниту едните ниту другите не сакаат да се сеќаваат. Елиминирани се од Костарика и Уругвај на пат кон најдобрите на првенството, а во меѓусебниот дуел Италија триумфираше со 2-1. Маркизио и Балотели стрелаа кон едниот, а Стариџ кон спротивниот гол.