Top Sport

ЕУРО 2020 отворено со Бочели, Боно Вокс и огномет!

Нема веќе чекање, во Рим официјално стартуваше 15. Европско првенство во фудбал, со спектакуларен огномет, со маестро Андреа Бочели и со официјалната песна на ЕУРО 2020 во изведба на Боно Вокс и Еџ.

Бочели со легендарната „Nesun dorma“ (Никој нема да спие), ја електризираше атмосферата на славниот италијански стадион, пред Боно Вокс и Еџ да ја исполнат химната на првенството.

Сега 24 репрезентации, вклучувајќи ја и Македонија ќе сонуваат за финалето на „Вембли“ на 11 јули. Да потсетиме, Македонија во недела (18.00) го има своето деби против Австрија.

Scroll to Top