Големото осминафинално дерби на ЕУРО 2020 меѓу Англија и Германија кое на програмата е во вторник од 18 часот доби возбудлива предигра.
Имено, весникот „Билд“ пишва дека УЕФА им забранила на Германците да тренираат ден пред натпреварот на стадионот на кој ќе се игра дуелот – „Вембли“ за да не се оштетела тревата поради дождот кој паѓа во Лондон.
Весникот наведува дека селекторот на „Панцерите“ – Јоаким Лев е бесен поради оваа одлука на УЕФА и истакнува дека ова е голема срамота, а ваквата одлука е контроверзна.
Германските репрезентативци утре ќе мораат да тренираат во татковината, а потоа истиот ден да се упатат кон Лондон каде ги очекува дерби дуелот.
Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе се судри со подобриот од мечот Украина – Шведска.