Top Sport

Холеш со глава од 5 метри носи предност од 1:0 за Чешка

По еден корнер на репрезентацијата на Чешка од десната страна во 68 минута, најпрво Калас успеа да дојде до топката. Ја упати на спротивната страна од петерецот на Стекеленбург каде највисок во скокот беше Холеш за водство на Чесите во Будимпешта.

Голема радоста за чешките навивачи на трибините на „Пушкаш арена“, а тешка задача за „лалињата“ да се вратат во игра затоа што од 55 минута се со играч помалку на теренот, по црвениот картон на Де Лихт.

На голот на Холеш му претходеше уште една одлична акција на Чешка кога во 64 минута Кадерабек шутираше во десниот долен агол од 10-тина метри, но Думфрис со одлична интервенција спречи сигурен гол.

Scroll to Top