Top Sport

Хрватите нема да клекнат на „Вембли“ пред мечот со Англија

Хрватската фудбалска репрезентација нема намера да клекне во поддршка на Black Lives Matter пред мечот со Англија на „Вембли“ во недела, тврдат повеќе англиски медиуми.

Англиската репрезентација на Герет Саутгејт продолжи со овој гест во борбата против расизмот пред секој натпревар и покрај тоа што дел од навивачите ги исвиркаа на пријателските мечеви против Австрија и Романија.

Портпаролот на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), Томислав Пацак за англиските медиуми објавил дека репрезентацијата нема да клекне бидејќи тоа не е обврзувачки со протоколите на УЕФА. Хрватската репрезентација досега нема клекнато пред ниту еден меч, иако нивната У-21 репрезентација клекна при ЕП оваа сезона кога играа со Англичаните.

Scroll to Top