Проблеми за селекторот Ивица Далиќ и за хрватската фудбалска репрезентација – играчот од средниот ред, Иван Перишиќ е позитивен на Ковид-19 и тој ќе го пропушти осминафиналниот натпревар на „коцкастите“ против Шпанија.
Утре Хрватите во Копенхаген ќе бидат драстично ослабени затоа што во тимот ќе недостасува играчот кој досега на шампионатот забележа два погодоци и една асистенција.
Перишиќ е сместен во самоизолација и таму ќе остане најмалку 10 дена. Тоа значи дека тој ќе го пропушти и евентуалното четвртфинале доколку Хрватска ја прескокне Шпанија.
Hrvatski nogometni savez zaprimio je tijekom večeri rezultate redovnog testiranja na virus SARS-CoV-2 koje je pokazalo da je reprezentativac Ivan Perišić pozitivan na koronavirus. Priopćenje za medije: https://t.co/4Rao2kOT1X
— HNS (@HNS_CFF) June 26, 2021