Во 38 минута Шпанија се врати во игра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, во осминафиналето од ЕУРО 2020 против Хрватска.
Пабло Сарабија погоди за 1-1 по една долга акција во шеснаесетникот на „коцкастите“.
Хозе Гаја одлично биеше по една добра асистенција, но голманот Ливаковиќ одлично интервенираше. На одбиената топка налета Сарабија и покрај лошо поставената одбрана на Хрватска ја смести топката во мрежата на се уште не вратениот Ливаковиќ во својата позиција.
Шпанците ја крунисаа иницијативата по несреќно примениот гол во 20 минута, по грешката на Унаи Симон.
Полувремето завршува со резултат 1-1.
Pablo Sarabia equals the scoring between Spain & Croatia! #ESP | #EURO2020 pic.twitter.com/hzYPpbFlzO
— fangazzetta (@fangazzetta) June 28, 2021