УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Англија со 26.000 фунти откако навивач со ласер му пречеше на данскиот голман Каспер Шмајхел додека го бранеше пеналот на Хари Кејн, во полуфиналниот дуел на ЕУРО 2020.
Казната се однесува и на фановите на Англија кои ја свиркаа химната на Данска, а користеа и огномет додека траеше полуфиналниот дуел.
Засега е позната висината само на казната за користењето на ласерот, а УЕФА дополнително ќе ја одреди казната за огнометот и баклите. Се очекува повторно да има парична казна.
Утре Англија игра финале против Италија, и тоа пред преполни трибини.