Top Sport

Кјелини трофејот од ЕУРО 2020 го посвети на Давиде Астори и Матео Беретини

Европските фудбалски шампиони се вратија во татковината со пехарот од континенталното првенство, а државниот врв и подготви свечен прием во Рим.

Инспираран за говор беше капитенот Џорџо Кјелини кој титулата меѓудругите му ја посвети и на починатиот фудбалер – Давиде Астори.

„Би сакал трофејот да му го посветам на Давиде Астори, засекогаш присутен во нашите мисли и срца, дури и кај младите играчи кои за него само слушнале. Оваа екипа никогаш не го губеше срцето, цело време групата ја ставаше над индивидуалците. Единствено со тимска работа може да се стигне до големи резултати. Не се качивме на пиедесталот само затоа што погодивме пенал повеќе од Англичаните, туку затоа што головите ги постигнавме ширејќи ја најголемата вредност, наречена пријателство“ рече Кјелини.

Капитенот на Јуве имаше порака и до италијанскиот тенисер, Матео Беретини кој вчера во финалето на Вимблдон загуби од Новак Ѓоковиќ.

„Го поздравуваме и нашиот Матео, го сметаме за член на оваа репрезентација и можам само да му кажам никогаш да не престанува да сонува, затоа што покрај него ќе биде сите ние и цела Италија. Трофејот освоен во Лондон е и за него“ додаде Кјелини.

Селекторот Роберто Манчини, пак, беше пократок при обраќањето кај претседателот на Италија.

„Победата на ЕП е показател дека кога цврсто верувате во она што го работите можете да ги остварите наизглед невозможните работи. Трофејот им го посветиваме на сите Италијанци, конечно можат да се радуваат со нас“ – рече тој.

Scroll to Top