Селекторот на Шпанија, Луис Енрике и играчот од средниот ред, Коке попладнево на последната прес-конференција пред утрешниот осминафинален двобој со Хрватска на ЕУРО 2020 јасно укажаа на тоа дека посебна внимателност треба да се посвети кон играта на Лука Модриќ. Сепак, нагласија и дека отсуството на Перишиќ им оди во прилог.
„Голем губиток е тоа за Хрватска, тој игра на највисоко можно ниво. Верувам дека останатите хрватски фудбалери достојно ќе го заменат. Модриќ, пак, постигна големи работи со Реал Мадрид и со репрезентацијата. Ќе биде тоа прекрасна битка на средината на теренот. Модриќ е најдобриот играч од среден ред кој го има Хрватска, но нема да игра само тој. Цела екипа е опасна. Посебно ќе внимаваме што Модриќ ја удира топката со `надворешна`. Што помалку време топката е кај Хрватите, подобро за нас!“ – рече Коке.