Top Sport

Маунт и Чилвел во изолација до 28 јуни, не играат против Чешка

Двоецот од Челси, Мејсон Маунт и Бен Чилвел нема да може да бидат дел од англиската репрезентација на вечерашниот меч со Чешка, откако властите решија да ги постават во изолација до 28 јуни поради контактот кој го имале со шкотскиот репрезентативец и соиграч од Челси, Били Гилмор.

Во бизарен развој на настаните, никој од шкотските репрезентативци кои биле во контакт со Гилмор по позитивнио тест на КОВИД-19 не е изземен од тимот, додека Англичаните ќе бидат без Чилвел и Маунт.

Зошто само не се изврши тест на КОВИД-19, по кој би биле или исклучени од тимот не е јасно.

Scroll to Top