Селекцијата на Данска во четвртфиналето на ЕУРО 2020 ќе се судри со Чешка, а голем придонес за стигнувањето во оваа фаза на Данците има играчот на Аталанта, Јоаким Меле (24). Десниот бек постигна два гола на турнирот, против Русија и против Велс.
Добрите партии не останаа незабележани, па по само 6 месеци од неговото доаѓање во Аталанта од редовите на Генк, клубот од Бергамо добил две понуди за него.
Според пишувањето на локалните медиуми, Челси и Интер ги контактирале „црно-сините“. Иако не е наведен износот кој се нуди, сигурно се работи за сума над 10 милиони евра, колку што Аталанта даде за него за да дојде од Белгија.
Меле за Аталанта досега одигра 25 меча, даде 1 гол и запиша 6 асистенции.