Хрватска во 3 коло од групата Д ја победи Шкотска и со 3-1 се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020.
Капитенот Лука Модриќ со гол и асистенција беше најдобриот поединец на „коцкастите“.
„Среќни сме што одигравме голем меч и поминавме во вториот круг. Не бевме задоволни со играта на првите натпревари, но се поправивме. Да игравме вака, па и да загубевме, сеедно ќе можевме да излеземе од теренот со подигната глава. Многу ми значи мојот гол, драго ми е дека помогна, но битно е дека целата екипа беше добра и победивме“ заклучи Модриќ.