Top Sport

Мората на клупа, Луис Енрике му го дава првиот старт на Ојарзабал против Италија

Шпанскиот селектор Луис Енрике цело ЕУРО 2020 го бранеше Алваро Мората од критиките на шпанската јавност, за вечерва да реши да го изостави од стартните 11 за полуфиналето против Италија, а на клупата ќе стартува и Жерард Морено.

Невообичаената формација без вистински напаѓач, може да значи дека Енрике очекува неговиот тим да доминира во средниот ред и тоа да биде доволно за финале.

Од друга страна, Роберто Манчини не изненадува со својот избор, со стандардните 11 на кои стартуваше на сите мечеви досега, со Имобиле и Инсиње во нападот.

ШПАНИЈА: Симон, Азпиликуета, Лапорт, Гарсија, Алба, Коке, Бускетс, Педри, Олмо, Торес, Ојарзабал.

ИТАЛИЈА: Донарума, Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини, Емерсон, Барела, Жоржињо, Верати, Киеза, Имобиле, Инсиње.

Scroll to Top