Top Sport

Претседателот на Ла лига удри по Пеп: Колку титули ќе имаше без „економски допинг“?

Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас преку социјалните мрежи го нападна менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој посочи дека шпанската лига треба да учи многу од менаџирањето на англиската Премиер лига.

Со порака на каталонски јазик и со графикони, Тебас ја објасни разликата меѓу Ла лига и Премиер лигата, најмногу во однос на приходите и директно ги нападна газдите на Манчестер сити.

„Последните години ја намаливме разликата со Премиер лигата и покрај тоа што Ла лига ги продаде ТВ-правата централно само за седум години во споредба со 30-те години на Премиер лигата. Велика Британија, покрај тоа, има 20 милиони жители повеќе од Шпанија. Нашите клубови покажуваат профит седум години. Да сум на твое место би се загрижил повеќе за Сити групацијата, која има загуба од милијарда евра во последните сезони. Тие не се инвеститори, туку се уништувачи на пари кои создаваат инфлација. Дали би освоил толку титули без тој економски допинг?“, вели претседателот на шпанската лига.

Scroll to Top