Top Sport

Наместо „Англија шампион“, да напишам „победник во полуфинале“

„Англија е шампион на Европа“ пишува на тетоважата на младиот Луис Холден кој го врежа ова на својата нога веднаш штом Англија ја победи Данска во полуфиналето.

Англичаните беа убедени дека ов е нивна година, чекаа од 1966, па што „Гордиот Албион“ стигна до финалето, и тоа на домашен терен, се пееше познатата “It’s coming home”.

Сепак, пехарот отиде на Апенините.

И Луис Холден како и останатите фанови на Англија беа разочарани кога видоа како младите англиски ѕвезди ги промашуваат пеналите.

Англискиот фан за „Скај спорт“ вели дека многумина му велат да ја покрие тетоважата, но:

„Што да правам, веќе е направена. Ми рекоа да ја покријам, да ја тргнам, но нема. Може само да го променам датумот, со ЕУРО 2024. Или да пишува, `победник во полуфинале`. Многу навивачи од Италија ми пишуваа, но и мене ми е смешно“.

Scroll to Top