Top Sport

Доминираат Италијанците во Топ 11 на ЕУРО 2020 – го нема Роналдо

УЕФА официјално го одбра најдобриот тим на ЕУРО 2020.

„Азурите“ во финалето на пенали беа подобри од Англичаните, па во првата 11-ка има дури петмина играчи – Донарума, Бонучи, Спинацола, Жоржињо и Киеза.

Од вториот финалист во најдобриот состав има тројца претставници – Вокер, Мегваер и Стерлинг.

По еден претставник има од Данска, Шпанија и Белгија – Хојбјерг, Педри, Лукаку.

Интересно е што во овој состав нема место за најефикасниот на првенството – Кристијано Роналдо.

Scroll to Top