Top Sport

„Натрапничката“ на Белгија-Финска рекламираше криптовалута

Мечот Белгија-Финска на „Крестовскиј“ во Санкт Петерсбург накратко беше прекинат кога една девојка успеа да избега на обезбедувањето и да истрча на теренот, со необична реклама за криптовалута на својата маичка.

На нејзината маичка имаше линк на вебсајтот на ривалот на Биткоин, наречен „WTF Coin“, и таа успеа да стигне до средината на теренот пред да биде тргната од страна на обезбедувањето.

Интересно, и на вториот меч од групата, помеѓу Русија и Данска во Копенхаген имаше натрапник на теренот, но овојпат без реклама, туку само со руски дрес.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');