Во 12-тата минута голманот на репрезентацијата на Словачка, Мартин Дубравка му одбрани пенал на Алваро Мората. Во продолжение на мечот имаше уште неколку сигурни интервенции.
„Фуријата“ имаше доминација во Севилја по првиот половина час од мечот.
Херојот кој ги разочара Шпанците во 12 минута, во 30 минута донесе вистинско разочарување во својата татковина.
По една грешка на дефанзивната линија на Словачка, топката дојде до Сарабија, овој биеше во пречката и додека топката паѓаше во петте метри, голманот Дубравка дезориентирано самиот ја смести во својата мрежа.
Шпанија води со 1-0 во првото полувреме.
Идентична предност на мечот од истата група во Русија има и селекцијата на Шведска против Полјаците предводени од Роберт Левандовски.