Лошо тргна македонската епизода на Европското првенство. Во рамки на групата Ц Македонија во Букурешт игра против Австрија на ЕП.
Во 18 минута по една нафрлена топка на Сабицер Лајнер најдобро се снајде во нашиот казнен простор и го совлада голманот Димитриевски.
Само 10 минути подоцна, капитенот Горан Пандев искористи една конфузија во одбраната на противникот, на која најмногу и кумуваше голманот Бауман. Одбиената топка Пандев ја смести во небранетиот дел од мрежата.
На трибините во Букурешт доминираат македонските навивачи.