Поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Ракитиќ откри на што се надева на дуелот меѓу Хрватска и Шпанија кој започнува за неколку минути.
Тој прецизираше дека разговарал со напаѓачот на „Фуријата“, Алваро Мората и му рекол:
„Се надевам дека ќе постигнеш 4 гола за да ги замолчиш критичарите, но ќе загубите 5:4“.
Ракитиќ кој е оженет со Шпанка на шега вели дека не смее да открие за кого ќе навива.
„За да можам да продолжам да влегувам дома, не смеам во целост да сум искрен. Многу зборував со поранешните соиграчи од хрватската репрезентација, но и со Лапорт и со Мората и срцето малку ми напукна. Секако дека сакам Хрватска да победи, но секогаш имам само најдобри желби за шпанската репрезентација“ рече Ракитиќ и напомена дека очекува тежок и неизвесен меч.