Поранешниот италијански фудбалски голгетер, Фабрицио Раванели за италијанските медиуми го најави финалето на ЕУРО2020 – Италија против Англија на „Вембли“ во Лондон.
„Очекувам многу напнат натпревар, екипите ќе се респектираат и очекувам малку голови, но тактичката борба сигурно ќе биде интересна“ смета Раванели.
Фудбалерот кој е легенда на Јувентус смета дека играњето во Лондон би можело да е предност за Италија, а не за домаќинот Англија.
„Играњето на `Вембли` би можело да е предност за нас. Имаме искусни играчи како Бонучи и Киелини, додека атмосферата би можело да им создаде дополнителен притисок на Англичаните. Единствено стравувам од тоа што веќе се е подготвено за славје на Англија. Пеналот против Данска не постоеше, судењето беше скандалозно“ рече Раванели.