Top Sport

Роналдо не е рекордер – треба да даде уште 77 гола да ја стигне Синклер

Кристијано Роналдо постигна два гола (од пенал) против Франција на ЕУРО 2020, за да се израмни со Али Даеи со 109 гола во репрезентативниот дрес, но сепак, не е апсолутниот рекордер, бидејќи му се потребни барем уште 77 гола да ја стигне неверојатната Канаѓанка Кристин Синклер.

38-годишната Синклер, која е капитен на Канада и на НВСЛ тимот, Портланд торнс, има пет Светски првенства и две Олимписки игри (на кои освои две бронзи), а има и четири титули од американската лига и е сметана за една од најдобрите канадски фудбалерки во историјата.

Синклер во моментов има 186 гола во 297 натпревари за Канада, а ќе настапи на нова Олимпијада во Токио ова лето. Претходниот рекорд беше на Американката Еби Вамбач, двократна олимписка и еднократна светска шампионка, која имаше 184 гола во 255 настапи за САД пред да се пензионира во 2015 година.

Во моментов има седум фудбалерки кои имаат повеќе репрезентативни голови од Роналдо, од кои две се активни. Роналдо со 109 гола е израмнет со американската напаѓачка Алекс Морган и со бразилската легенда Марта, две фудбалерки кои ќе играат на Олимпијадата оваа година. Тука се уште и пензионираните – Шкотланѓанката Џули Флитинг (116), Лојд (125) и Германката Биргит Принц (128), како и трите Американки, Лили (130), Миа Хам (158) и Вамбач (184).

Scroll to Top