Top Sport

Саутгејт: Да се одморам, да размислам, па ќе решам како понатаму!

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт ден по големото финале на ЕУРО 2020 вели дека сака да ја води селекцијата и на СП кое е на програмата следната година во Катар, но вели дека засега не може да зборува за нов договор.

Челниците на ФА неодамна порачаа дека сакаат да ја продолжат соработката со Саутгејт до 2024 година.

„Мислам дека сега не е вистинското време да мислам за тоа. Мораме да се квалификуваме за СП, а пред тоа треба добро да размислам за се што се случуваше на ЕУРО. Потребен ми е и одмор. Водењето на репрезентацијата на вакви турнири го одзема данокот. Не сакам да се обврзам на било што подолго од што треба. Не се работи за финансии“ вели Саутгејт.

Тој даде свој коментар и за расистичките навреди кои стигнаа на сметка на Рашфорд, Сака и Санчо откако тројцата промашија пенал во финалето со Италија.

„Тоа е непростливо. Некои навреди се од странство, а некои од нашата држава. Се залагавме за заедништво и националниот тим треба да ги претставува сите. Како тренер постојано учите. Да го погледнам уште еднаш финалниот натпревар, па тогаш ќе го дадам конечниот суд. Многу е тешко по ваков пораз. Сега сме емотивно исцрпени“ рече англискиот селектор.

Scroll to Top