Top Sport

Саутгејт: Да згрешев со тактиката, ќе бев „мртов“

Герет Саутгејт вели дека тактичката промена била клучна за 2:0 победата на Англија над Германија во осминафиналето на ЕУРО 2020, но додава дека ќе бил „мртов“ ако ова било погрешна одлука.

Рахим Стерлинг и Хери Кејн постигнаа по еден гол во второто полувреме на „Вембли“ за импресивна победа, но пред стартот на мечот, Саутгејт беше критикуван за одлуката да оди на 3-4-3 систем.

„Знаете дека ако да ја смените формата, изберете еден играч наместо друг и работите тргнат наопаку, тогаш сте мртви. Моравме да одиме со тоа што веруваме. Сакавме агресивен притисок на теренот бидејќи така можевме да дојдеме до резултат. Брзината зад Хери Кејн ќе им создадеше проблеми, а Букајо Сака и Рахим Стерлинг беа доста опасни. Се браневме одлично, а голманот беше фантастичен. Презадоволен сум“, вели Саутгејт за „Би-би-си“.

Саутгејт претходно играше со четири фудбалери во одбрана, со 4-3-3 систем во првите два меча, победата над Хрватска и ремито со Шкотска, пред да го внесе Џек Грилиш за 4-2-3-1 систем против Чешка.

Scroll to Top