Селекторот на фудбалската селекција на Украина, Андриј Шевченко синоќа оствари голама победа со своите избраници против селекцијата на Шведска, па заслужено противникот на Македонија од групната фаза на ЕУРО 2020 е во четвртфинале.
„Одлучивме да ги осигураме страните, барав играчите од среден ред многу да работат, му ја променив улогата на Јармоленко. Се обидовме да ја контролираме играта, тимот ги почитуваше моите упатства. Двата тима одиграа одлично, беше интересен меч. Планот кој го избравме успеа. Благодарен сум им на навивачите кои дојдоа да не поддржат. Дојде моето семејство, навистина сакав да победиме“ рече Шевченко.
Следниот предизвик за Украина е Англија, четвртфинале на 3. јули во Рим.
„Англија е одличен тим, имаат врвни играчи и на клупата, неверојатен стручен штаб. Свесни сме колку ќе биде тешко. Ги гледав нивните мечеви во групната фаза, но не и оној против Германија затоа што тогаш се подготвувавме за нашиот натпревар. Многу е тешко да им дадеш гол, но нивната сила не треба да не плаши, туку да не мотивира. Се е можно во фудбалот, како и во животот“ – рече легендата на украинскиот фудбал.