Top Sport

Шкотски весник ја провоцира Англија – Манчини „храброто срце“ е на насловна

Шкотски весник објави провокативна насловна страна на која отворено порачува – во финалето ќе навиваме за Италија. На насловната страна на весникот осамна монтиран лик на италијанскиот селектор Роберто Манчини на лице од Вилијам Волас од филмот „Храбро срце“ во кое игра актерот Мел Гибсон.

Во објаснувањето за фото-монтажата се вели:

„Не можеме да поднесеме да не гњават со ова во наредните 55 години“


Очекувано, во Англија со згрозување ја дочекаа фотографијата, па уредникот на „Сан“ напиша:

„Проклето би сакал некогаш и Шкотска да освои нешто“.

Како противудар, „Дејли Телеграф“ објави голема фотографија на англискиот селектор Герет Саутгејт со порака:

„Саутгејт повикува на војнички дух на генерациите“.

Scroll to Top