Фудбалската селекција на Данска стана првата репрезентација која постигнала најмалку по 4 гола на 2 меча во низа на едно ЕП. Шпанија денеска го сруши тој рекорд на Данците стар само 2 дена.
Избраниците на Луис Енрике денеска станаа првата селекција во историјата на ЕП која на два меча во низа постигнала најмалку по 5 гола.
Првин тоа им успеа во третото коло од групната фаза против Словачка (5-0), а денеска во осминафиналето со 5-3 беа подобри од Хрватска.
Денешниот меч на „Паркен“ во Копенхаген беше вториот најефикасен меч во историјата со 8 гола.
Најефикасниот меч со девет постигнати гола е на Европско првенство во 1960 година. Тогаш Франција ја победи Југославија со 5-4 во полуфинале.
2 – With eight goals scored, Croatia (3) and Spain (5) produced the second-highest-scoring match in European Championship history, after France v Yugoslavia in the 1960 semi-finals (9 – 5-4 to Yugoslavia). Entertaining. #EURO2020 pic.twitter.com/3ew9EN605z
— OptaJoe (@OptaJoe) June 28, 2021