Top Sport

Шведска со тешка пенал-победа над Словачка

Шведска, по крајно разочарувачките 0:0 против Шпанија во првото коло, успеа да стигне до 1:0 победа над Словачка со гол од пенал во второто полувреме.

Во можеби најлошиот меч досега на Европското првенство, двете репрезентации не направија многу шанси, и најдобри на мечот беа нивните голмани, Мартин Дубравка и Робин Олсен. Сепак, Швеѓаните беа поактивни во играта, и тоа резултираше со гол во 77. минута, кога по стартот на Дубравка беше досуден пенал, а Емил Форсберг беше прецизен од белата точка.

Двете репрезентации остануваат во трка за осминафиналето, иако сега Швеѓаните имаат полесен пат – имаат четири поени и во последното коло играат со Полска, додека Словаците ќе се соочат со првиот фаворит, Шпанија.

Графика: Sofascore за Тоспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top