Со голот на хрватскиот напаѓач Мислав Оршиќ во тој момент за 2:3 на вчерашниот натпревар против Шпанија во Копенхаген срушен е рекордот на ЕП по број на постигнати погодоци.
Тоа беше 109. гол на ЕУРО 2020, а досегашниот рекорд беше 108 гола, на шампионатот пред 5 години.
Очекувано, ова и претходното ЕП се најефикасни затоа што на нив има по 24 учесници.
До крајот на вчерашниот ден рекордот дополнително беше надминат, и тоа за дури 9 гола, а се уште не се завршени ниту осминафиналните дуели на првенството.
Mislav Oršić pulls one back for Croatia! ?? Will they find an equaliser? #EURO2020 https://t.co/exUO4mYFQi pic.twitter.com/6VdqgHwu0j
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 28, 2021
Колку се ефикасни напаѓачите на ова ЕУРО покажува податокот дека досега се постигнуваат во просек по 2,81 гол по натпревар, додека рекордот беше н ЕУРО 2000 кога беа постигнати по 2,74 гола на меч.
Интересен податок се поврзува со голот што вчера на мечот Шпанија – Хрватска го постигна Марио Пашалиќ, за 3:3.
Пашалиќ е дури петтио различен фудбалер кој настапува за Аталанта од Бергамо кој на ова ЕУРО ја тресе противничката мрежа, по Данецот Јоаким Меле, Италијанецот Матео Песина, Украинецот Алексеј Миранчук и Германецот Робин Госенс.
Само Реал Мадрид во 2012 година, Барселона во 2000 година и Андерлехт во 1984 година имале по 5 различни стрелци на ЕП.