Фудбалската репрезентација на Англија со 1-0 на „Вембли“ ја победи Хрватска во стартниот меч од групата Д на ЕУРО 2020.
Победата на „Гордиот Албион“ ја донесе Рахим Стерлинг со погодокот во 57 минута, на додавање на Филипс од десната страна. Голгетерот на Сити бише покрај немоќниот голман Ливаковиќ.
Англија имаше повеќе од поседот на топката, а имаше уште неколку шанси за предвреме да го реши мечот.
Уште во 6 минута Фоден ја погоди десната статива од хрватскиот гол, а најсериозната шанса за 2-0 ја имаше капитенот Хари Кејн кој одблизу биеше високо над голот по одличната асистенција на Стерлинг.
Хрватите, пак, не создадоа ниту една посериозна шанса за погодок. Селекторот Златко Далиќ во вториот дел ја смени комплетната напаѓачка постава, но и тоа не донесе резултат.
„Коцкастите“ како да имаа подготвена тактика за 0:0 на „Вембли“.
Вториот меч од првото коло од групата Д меѓу Шкотска и Чешка на програмата е утре од 15 часот.