Екстра-ефикасни и возбудливи беа вчерашните два осминафинални дуели во Копенхаген (Шпанија – Хрватска) и во Букурешт (Франција – Швајцарија).
Шпанците имаа предност од 3-1, Хрватите со два гола во финишот се изборија за продолженија, но таму потклекнаа, пораз и елиминација со 5-3.
Уште подраматично беше враќањето на „отпишаните“ Швајцарци. Во 75 минута губеа со 3-1, но израмнија и на пенали ја исфлија Франција.
На неименуван обложувач враќањето во живот на Хрватска, односно на Швајцарија по се изгледа му го променија животот.
На социјалните мрежи се појави овложувачки тикет уплатен за 5 евра, со добивка од 106.875 евра.
Типувачот погодил дека двете средби, во Копенхаген и воБукурешт, во регуларниот дел ќе завршат со резултати од 3-3.